Coca-Cola повлекува голем број шишиња во Европа поради опасната материја: Компанијата објави итен оглас

Европскиот огранок на Кока-Кола во понеделникот соопшти дека наредил големо повлекување на Кока-Кола, Спрајт, Фанта и други пијалоци откако тестовите утврдиле високи нивоа на хлорат.

Повлекувањето се однесува на лименки и стаклени шишиња дистрибуирани во Белгија, Холандија, Велика Британија, Германија, Франција и Луксембург од ноември, изјави белгиската компанија Coca-Cola Europacific Partners за АФП, додавајќи дека во моментов „немаат прецизни бројки“ за износот од овие опасни материи.

Повеќе информации ќе бидат објавени наскоро.