EВЕ КАКО ЈА ПРЕЖИВЕАВ ОПЕРАЦИЈАТА НА ОТВОРЕНО СРЦЕ: Шварценегер за искуството што можеше да го чини живот! Ги откри сите детали

Арнолд Шварценегер опиша каква била операцијата на отворено срце што ја направил во 2018 година. Тој на Јутјуб сподели со публиката досега невидена снимка од тоа како изгледа закрепнувањето по исклучително комплицирана хируршка процедура. Видеото се вика „Почнувајќи од нула: се враќаме од операција на срцето“.

Познатиот Терминатор Арнолд Шварценегер таа година требаше да оди на рутинска, неинвазивна процедура, но се се искомплицира, а операцијата на отворено срце можеше да го чини живот. Актерот и поранешен бодибилдер зборува за тоа во видеото и го проколнува шокот што го доживеал кога ги видел лекарите. Вели дека доживеал вистинска катастрофа, но дека сфатил дека мора да се извлече од таа тешка ситуација.

Шварценегер кој има тешка животна приказна се опорави во рекордно време, а во видеото објаснува како го направил тоа. Лекарите му рекле дека мора да продолжи да се движи за да не добие пневмонија. Подоцна му помогнале пријателите кои го бодреле, а бил свесен дека многу лошо се движи. Постепено се врати на тренинзите, но и на улогите.

Арнолд Шварценегер

Познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија сака да ги инспирира и мотивира другите кои се наоѓаат во слични ситуации.

Терминаторот имаше неколку операции на срцето, а тој се соочи со таа операција во 2020 година.

„Имам нова аортна валвула покрај мојата нова пулмонална валвула од последната операција. „Се чувствувам фантастично и веќе шетам по улиците на Кливленд“, објави тогаш тој на Твитер.