Google плати 26 милијарди за да биде главен пребарувач

Alphabet, кој е сопственик на Google, плати 26,3 милијарди долари на други компании во 2021 година за да го направи овој пребарувач стандарден за прелистувачите и телефоните.

Ова го изјави еден од главните директори на компанијата пред судот во САД, објави неодамна Bloomberg News.

Износот на стандардните плаќања што Гугл ги направил е повеќе од трипати зголемен од 2014 година, изјави официјален претставник одговорен и за пребарување и за рекламирање, се додава во извештајот, според Ројтерс.

риходите од мрежното рекламирање на Google беа 146,4 милијарди долари во 2021 година, при што плаќањата за статусот „стандарден“ беа неговиот најголем трошок, рече официјалниот претставник. Google одби да одговори на прашања за ова кога британската агенција го контактираше.

Како што рече Гугл, договорите за споделување приходи се легални и „тие инвестираа за да ги одржат своите бизниси за пребарување и рекламирање конкурентни“. Исто така, тврди дека ако луѓето не се задоволни со поставките, тие едноставно можат да менуваат прелистувачи.