Американската агенција за кибернетска и инфраструктурна безбедност (CISA) ги предупреди корисниците на Google да го ажурираат Google Chrome што е можно поскоро поради важни безбедносни проблеми.
Google потврди неколку безбедносни пропусти на сите платформи. Тие наведуваат дека надворешните истражувачи откриле над 20 ранливости, од кои осум се категоризираат како високоризични, додека една се смета за критична.
Критичната ранливост се однесува на експлоатација на меморијата и стана најчестиот метод за хакирање на Chrome. Имено, хакерите можат да собираат лични податоци без знаење на корисникот.
Chrome редовно проверува и автоматски применува нови ажурирања. Но, корисниците кои не го отвориле прелистувачот долго време треба да го ажурираат. По ажурирањето, затворете го Chrome и повторно отворете го за да бидете сигурни дека ја имате најновата верзија , рече Google, пренесува Daily Mail .
Како да го ажурирате Chrome?
Неопходно е да изберете „Chrome menu“ (три точки во горниот десен агол), потоа „Help“ и „About Google Chrome“.
Ажурирањето потоа ќе започне автоматски.