Google Chrome добива нова опција која ќе ги израдува сите корисници: Еве за што се работи

Оваа новина може да го забрза вашиот компјутер.

На крајот на минатата година Google објави две големи иновации кои ги подготвува за својот интернет прелистувач Chrome.

Тие новитети станаа достапни за сите корисници на овој прелистувач на компјутерите, но прво треба да го надградите на верзијата 110.

Новитетите за Chromium се однесуваат на заштеда на енергија и намалена потрошувачка на меморија за дури 30 проценти. Иако Chrome е познат по својата брзина, безбедност и бројни опции, тој е и голем потрошувач на меморија, што на многу луѓе им прави проблеми при сурфањето на мрежата, особено за корисниците со компјутери кои имаат помала количина RAM меморија.

Google стави крај на ова со тоа што одлучи да ги стави во мирување неактивни јазичиња со новото ажурирање , односно меморијата на компјутерот ќе ја трошат само табовите што се моментално отворени, додека другите јазичиња ќе бидат во хибернација додека не се отворат повторно, што треба да влијае на намалување на користењето на ресурсите на компјутерската меморија за речиси една третина.

google

Во новата верзија на Chrome, опцијата за заштеда на меморија автоматски се активира, а доколку не сакате Chrome да ја ослободува меморијата од неактивните јазичиња, таа опција може да ја исклучите во Settings/Energy Saver. Ако сакате некои веб-локации да бидат секогаш активни, можете да ги уредувате на истото место, односно да ги додавате страниците што често ги посетувате и да сакате тие секогаш да бидат активни.

Што се однесува до опцијата за заштеда на енергија, таа се активира кога процентот на батеријата ќе падне под дваесет проценти. Потоа, Chrome автоматски ја ограничува активноста во заднина, како и визуелните ефекти на веб-страниците, како што се анимациите и непреченото лизгање.

Можете да ја преземете новата верзија на веб-прелистувачот Google директно од веб-локацијата на Google, или можете да ја надградите рачно со кликнување на Поставки/За Chrome.