IN MEMORIAM! Синот на Енес Беговиќ наскоро требаше да стане татко: Ненадејно почина на 29 години, работеше во министерство (фото)
Денеска во Сараево почина Армин, синот на пејачот Енес Беговиќ.
Според босанските медиуми, Армин имал само 29 години и наскоро требало да стане татко.
Армин живеел во Сараево, а според последните достапни информации работел во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.
Енес имал две деца со сопругата Аземина, ќерката Аријана и синот Армин.
-Кога помислив дека ќе станам татко, се чувствував прекрасно. Имав претчувство дека ќе биде женско, ја замислував со руса кадрава коса и сини очи кои навистина и ги има. Неверојатно е, никој не ми веруваше – изјавил во една прилика Енес.