Jапонско јаболко за превенција од многу болести

Јапонското јаболко е најубаво во зимските денови, а се користи како превенција за многу болести. Oва јаболко е богато со витамин Ц, и со тоа овие плодови се одлични за јакнење на имунитетот и подобрување на општата состојба на организмот.

Освен витамин Ц, тоа е богато и со билни влакна па помага и во намалување на нивото на холестерол и регулирање на варењето. Тоа исто така изобилува и со фруктоза, па се препорачува за оние кои имаат високо ниво на шеќер во крвта.

Флавоноидите кои ги содржи го прават овој плод одличен за превенција на кардиоваскуларни заболувања. Тие исто така го штитат и нашето тело од влијанието на слободните радикали.

Во источната медицина, јапонските јаболки се користат како помош во лечењето на воспаленијата на цревата, хемороидите, болестите поврзани со желудникот, жолчката и црниот дроб.

Исто така, се користи и како лаксатив, а е познато и по своите антибактериски и антибиотски својства.