Научниците објаснуваат дека кафето, покрај кофеинот, има и многу биолошки активни состојки, како што се антиинфламаторни супстанции
Британските научници од Универзитетот во Саутемптон анализирале податоци од девет студии во кои учествувале речиси половина милион луѓе од шест земји. Тие ги објавија своите наоди во списанието Alimentary Pharmacology & Therapeutics.
Смртоносна болест
Заклучокот што тие го извлекоа е дека консумирањето кафе значително го намалува, речиси за половина, ризикот од цироза на црниот дроб. Колку повеќе шолји кафе, толку е помал ризикот, велат научниците.
Така, на пример, две дополнителни шолји кафе дневно го намалуваат ризикот од цироза за 44 проценти. Цирозата на црниот дроб е сериозна болест која може да биде фатална бидејќи значително ја зголемува можноста за откажување на црниот дроб и рак.
Ги блокира вирусите
Научниците објаснуваат дека кафето, освен кофеин, има и многу биолошки активни состојки, како што се антиинфламаторните супстанци. Покрај директното биохемиско дејство, кафето има директна улога и во заштитата од цироза, бидејќи различни состојки кои се наоѓаат во кафето ги блокираат вирусите на хепатитис Б и Ц, а кафето ја намалува и појавата на дијабетес тип 2.
Студијата заклучува дека поврзаноста помеѓу зголемената дневна консумација на кафе и намалувањето на ризикот од цироза на црниот дроб е голема, поголема отколку кај многу лекови кои се користат за спречување на оваа болест. Дополнително, за разлика од многу лекови, кафето нема ни приближно толку несакани ефекти.