Koвачевски: Северна Македонија припаѓа во Европската Унија, а Сојузна Република Германија е наш партнер на европскиот пат
Премиерот Ковачевски по средбата со германскиот канцелар Шолц на својот фб профил ја извести јавноста за оддржаната средба и темите на рзговор.
Северна Македонија припаѓа во Европската Унија, а Сојузна Република Германија е наш партнер на европскиот пат.
На средбата со германскиот канцелар Шолц разговаравме за важноста од интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, што е важно за стабилноста и развојот на регионот.
Се согласивме дека е неопходно побрзо отворање на поглавјата за нашата земја и брза интеграција во ЕУ. Изразив благодарност за усвоената Резолуција, што е конкретен чекор кој Германија го иницира и ќе биде од клучна важност во напредокот на Северна Македонија во преговарачкиот процес со ЕУ.
Со канцеларот Шолц ги потврдивме заедничките заложби како кредибилни партнери во НАТО и поддршката за македонското претседавање со ОБСЕ. Се согласивме дека двете држави имаат исклучително висока економска соработка која и во иднина треба да продолжи и да се унапредува.