Mалку се напил, па скокнал во најпознатата фонтана во Рим! Следуваше скандалозна казна

Турист кој пијан влегол во Фонтаната Треви во Рим морал да плати казна од 500 евра.

Италијанскиот суд нареди неименуван турист од Нов Зеланд да плати казна од 500 евра откако скокнал во  фонтаната ди Треви.

Покрај тоа, тој доби доживотна забрана да се приближува до оваа барокна фонтана во Рим.

Властите велат дека мажот бил пијан и скокнал во фонтаната додека полицијата се обидувала да го отстрани од плоштадот Треви, каде што бил со уште две лица.

Според податоците на полицијата, околу десетина туристи годишно се казнуваат за пливање во фонтаната ди Треви, инспирирани од протагонистите на филмот на Федерико Фелини „La Dolce Vita“. Имено, во оваа фонтана се капат ликовите од познатиот филм, пренесува Independent.

Римската полиција ја запира и кражбата на монети од фонтаната – годишно се собираат 1,5 милиони евра за добротворни цели.