Netllix го објави тизерот за мини – серихата ,,Griselda” – Софија Варгара ја доби улогата на ,,кралицата на кокаинот” (видео)

0

„Netflix“ го објави првиот тизер за претстојната мини-серија „Griselda“ во која главната улога ја игра заносната Софија Вергара, позната по ситкомот „Modern Famiy“.

Вергара се појавува во улога на Гризелда Бланко, колумбиска шверцерка на дрога која многумина ја нарекувале „кралица на кокаинот“. Бланко била позната по трговијата со кокаин на подрачјето на Њујорк и Мајами, а оние кои имале прилика да соработуваат со неа тврдат дека била поладна и понемилосрдна од Пабло Ескобар. Серијата ќе го прикажува нејзиниот живот и подемот во светот на криминалното подземје.

Освен Вергара, актерската постава ја сочинуваат Алберто Гера, Алберто Аман, Кристијан Тапан, Диего Трухиљо, Паулина Давила, Габриел Слојер, Мартин Родригез, Хозе Зуњига, Максимилијано Хернандез и Жулиет Рестрепо.

Креатори на серијата се Даг Миро, Ерик Њуман, Карло Бернард, Ингрид Ескаједa, а режисер е Андрес Баиз. Њуман, Баиз и Бернард се познати по работата на сериите „Narcos“ и „Narcos: Mexico“.

„Griselda“ ќе се состои од 6 епизоди, а ќе биде премиерно прикажана на „Netflix“ на 25-ти јануари 2024 година.