Nintendo Switch ја прошири листата на забранети зборови

Новото ажурирање за конзолата Nintendo Switch ја прошири листата на забранети зборови што корисниците повеќе не можат да ги користат во своето корисничко име.

Имено, како што пренесува hcl.hr, Nintendo неодамна ја прошири својата листа на забранети зборови за имиња на кориснички сметки, која сега вклучува значителен број контроверзни луѓе и организации.

На пример, вашето корисничко име повеќе не може да го содржи зборот ИСИС, а не можете да се именувате по масовните убијци од Америка. Забранети се и некои фрази поврзани со педофилија, пренесува Котаку.

Списокот на забранети зборови на платформата на Нинтендо се зголемува, но не е јавно достапен. Повеќето зборови се забранети на англиски јазик, така што корисничкото име не може да содржи контроверзни зборови како што се бонг, кокаин итн.

Погрдни термини, сите варијации на Хитлер, па дури и терминот Ковид се забранети.