Oд утре стапува на сила законот за зимска опрема во автомобилите

Министерството за внатрешни работи ги известува сите учесници во сообраќајот да бидат дополнително внимателни за почетокот на зимската сезона каде има атмосферски промени.

Министерството за внатрешни работи соопштува дека од утре стапува на сила законот за поседување зимски гуми и зимска опрема во автомобилите.

На возачите им се препорачува да се прилагодат на зимските услови на патиштата и да внимаваат при возење.

Законската обврска за поседување зимска опрема која стапува на сила од утре (15.11) ќе трае до 15 март.