Во сегментот понудата е сè послаба, барем кога се во прашање класичните седани и каравани. Сепак, некои играчи остануваат, барем додека SUV-манијата целосно не го зафати светот. Еден од нив е 508, моделот со кој Peugeot ја отвори една од најуспешните дизајнерски приказни.
Автомобилот сега е редизајниран, пред сè напред, каде што новиот преден дел вклучува потенки светла во LED технологија, како и маска која сега незабележливо се вклопува во пределот на браникот.
Се разбира, новото лого на брендот со значителни димензии го зазема централното место. Да ги споменеме и дневните LED светла, кои сега се состојат од три паралелни светлосни елементи.
Назад промените се помалку забележливи. Новата графика и буквите на брендот наместо амблемите се единствените забележливи новитети. Внатре, очекувано, најголемата иновација доаѓа од областа на рачката на менувачот. Заменета е со мал прекинувач, како на помалите 208 и 2008.
Ќе го забележите и 10-инчниот централен екран, кој сега нуди и over-air освежување. Нови се и режимите на прикажување на дигиталниот кокпит.
Најголемата новост е што 508 не го добива новиот 1.2 благ хибрид со 136 КС под хаубата, кој штотуку доби место кај 3008 и 5008 и кој во просек носи до 15% помала потрошувачка на гориво. Така, стариот 1.2 трицилиндричен со 130 КС и понатаму е почеток на понудата, како и 1.5-дизелот со иста моќ во дизелската понуда.
Но, сега се нудат дури три plug-in хибриди. На патот до спортистот на PSE, има стари пријатели со 180 и 225 КС и батерии од 12,4 kWh. PSE остана ист, што значи 360 КС и батерија која се полни за 100 минути преку полнач од 7,4 kW.
Моделот ќе се произведува во француските погони во Мулхаус.