Tигрица(Фото и Видео)

Најпопуларниот папагал во кафез е тигрицата со латинско име (Melopsittacus undulatus). Има стотици мутации во боја од основните зелени и жолти залихи Половите не изгледаат слично , но може да се разликуваат сезонски по бојата на клунот на пример ако има плаво тогаш значи дека е машко а ако има розево тогаш е женско. Тигриците јадат семиња; во дивината, тие формираат големи јата на пасиштата во Австралија. Тие се размножуваат колонијално, во дупки од дрвја, снесувајќи шест до осум јајца двапати годишно. Повеќето тигрици се издржливи и преживуваат од 5 до 10 години.

Според Википедија Дивите тигрици во просек се долги по 18 см имаат маса од 30-40 грама и на нив доминира светло-зелена боја (на стомак и бутови), а надворешната страна (грб и крилја) се одликува со црни обележја (побледи кај пилињата и младите тигрици) и е порабена со јасни жолти бранови.

Најчесто во продавниците за домашни миленици може да се пронајдат во сина, зелена и жолта боја. Како и повеќето видови папагали, пердувите на тигриците се флуоресцентни под ултравиолетово светло. Овој феномен можно е да е поврзан со додворувањето и изборот на партнер. Обично е лесно да се распознае полот кај тигриците постари од шест месеци, главно по бојата на восковицата, но нивното поведение и обликот на главата исто така можат да помогнат да се утврди полот. Како што може да видите на горната слика тигрицата според полот е машко бидејќи има плаво на клунот а како што може да приметите според машата најмногу се присутни во Австралија и живеат во јата. Според видеото на Јутуб вие ќе откриете што значат гласовите на тигриците и што треба да се преземе за грижа за една тигрица

Според ова видео вие ќе откриете што значат гласовите на тигриците.