Tрадиционалната Дедомразовска трка во Скопје почнува напладне од  „Сити мол“

Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска ќе ја организира традиционалната Дедомразовска трка во Скопје.

Трката ќе почне во 12 часот пред „Скопје сити мол“. Патеката е долга два километри, а учесниците на различна возраст треба да се претходно пријавени на веб-страницата www.prvdovrv.mk Тие добиваат целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место, соопшти организаторот.

Пред и по трката ќе има музичка програма, загревање со фитнес-инструктор и церемонија на прогласување на победниците.