Tраект удри во два брода, едниот потона: Драма на Јадранското Море

Утрово, фериботот „Петар Хекторовиќ“ удрил два брода – голем катамаран и туристички екскурзиски брод – во пристаништето Сплит , во Јадранското Море, поради силна бура и ветер, пренесува „Тпортал“ .

Еден од бродовите потонал, потврди директорот на Сплитската пристанишна управа, Вице Михановиќ .

„Поради силата на ветерот, јажињата што го врзуваа фериботот за брегот се скинаа, па тој почна неконтролирано да се движи околу пристаништето. Прво се потпре на катамаранот „Крило“, а потоа удри во голем туристички брод, кој во моментов тоне“, изјави за „Тпортал“ Звоне Перкушиќ, раководител на пристанишните операции, додавајќи дека, за среќа, нема повредени.

Тој ја истакна храбрата и вешто изведена реакција на капетанот на фериботот, која, според него, спречила посериозна несреќа и поголема штета.

На местото на настанот беа испратени пожарникари, сите служби за итни случаи, како и работници од компанијата CIAN, за да се спречи евентуално загадување на морето.

Во областа на Северното пристаниште во Сплит, поради силна бура, неколку бродови се оддалечија од своите пристаништа и во моментов неконтролирано пловат во морето.

Неофицијалните информации зборуваат и за јахта долга над 30 метри што се насукала во близина на Дивуље.