Teлохранителот на Милошевиќ тврди дека атентатот врз Глигоров бил поради тоа што тој сакал Македонија да се врати во Југославија
Поранешниот телохранител на Слободан Милошевиќ, Горан Пајиќ, откри непознати детали поврзани со атентатот на поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров.
Според неговите тврдења Глигоров, се договорил со Слободан Милошевиќ дека Македонија да биде дел од новата Југославија. Набрзо потоа беше организиран и атентатот на Глигоров кој го преживеа обидот за атентат.
„Кога во 1995 година беше за малку убиен Киро Глигоров, пред тоа имаше тајна средба во Белград со Слободан Милошевиќ и се договорија Македонија да биде дел од новата Југославија. Меѓутоа, очигледно тоа некому не му одговараше, па организираа убиство“, изјави Пајиќ во емисијата „Добро утро Србија“, , објави „Мондо.рс.“.