Xiaomi Mix Flip 2 ќе има значително поголема батерија, ќе биде потенок и полесен од својот претходник

Xiaomi се подготвува да го претстави наследникот на преклопниот смартфон Mix Flip, кој ќе донесе значителни подобрувања.

Според типстер на социјалната мрежа X, претстојниот Mix Flip 2 ќе има капацитет на батерија од 5.600 до 5.700 mAh, што е значително поголемо во споредба со батеријата од 4.780 mAh во „оригиналниот“ Mix Flip.

Покрај тоа, Mix Flip 2 ќе биде потенок и полесен од неговиот претходник. За споредба, дебелината на моделот Mix Flip е 7,6 милиметри кога е отворен, или 16 милиметри кога е преклопен, а тежи 190 или 192 грама, во зависност од верзијата.

Исто како и првиот модел, MIx Flip 2 ќе се продава на пазарите ширум светот, не само во Кина. Аналитичарите очекуваат уште еден многу добар паметен телефон од работилницата на Xiaomi.