Два знаци кои го карактеризираат лојалниот партнер

Многу од нас се борат со целосното верување дека врската во која сме ќе трае. Лошите минати романтични искуства или проекцијата на сопствениот страв од посветеност и ранливост на врската може дополнително да влијаат на овие грижи. Сепак, знаејќи дека нашиот партнер е лојален, доверлив и многу посветен може да ги смири овие стравови.

Студијата објавена во 2023 година покажа дека индивидуите со високо ниво на посветеност на врската покажуваат две однесувања. Психологот Марк Траверс ја коментираше студијата и наведе два знака кои укажуваат дека нашиот партнер е исклучително лојален.

1. Отворено ви ги потврдуваат своите намери

,,Комуникацијата е крвотокот на секоја врска. Партнерот кој е многу посветен на вас ќе има приоритет на отворена, искрена и доследна комуникација. Покрај тоа, истражувачите открија дека високо посветените партнери многу јасно ќе кажат дека имаат намера да градат иднина со вас “, изјави психологот за Psychology Today.

Таквите личности не се задоволуваат само со повремено признавање на нивната посветеност, туку редовно ја вербализираат својата посветеност на долготрајна врска, секојдневно потврдувајќи ја својата поврзаност со партнерот.

„Дневните афирмации на посветеноста може да изгледаат како планирање на различни активности заедно, како што е дискусија за патувањето следната година или користење изрази и изјави кои ја одразуваат желбата да се споделува „засекогаш“ и да старееме заедно“, објасни Траверс.

2. Обожаваат да поминуваат време со вас

Истражувачите откриле дека редовното поминување квалитетно време со партнерот е моќен показател за нечија посветеност на врската. Високо посветените поединци се повеќе мотивирани да бидат со своите партнери, што го прават со тоа што им посветуваат значително време.

„Оваа упорност во однесувањето рефлектира вистинска инвестиција во иднината на врската бидејќи партнерите активно си даваат приоритет на присуството и дружењето“, заклучи психологот.