БОЛНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА – Некогаш најголема фудбалска ѕвезда во својата земја, а денес обичен ‘скитник’: Спие на клупа, луѓето го препознаваат, а неговите деца се откажале од него

Фудбалот не беше секогаш ваква профитабилна индустрија како што е денес, а понекогаш многу од големите талетни губеа пари. Некогаш се играше од срце и со душа, а не само за богати договори и поради тоа многу познати фудбалери не ја решија својата егзистенција и покрај одличните кариери.

Еден од нив е парагвајската легенда Аполинар Паниагва, кој со години живее на улица. Поранешниот напаѓач, кој настапуваше за репрезентацијата на Парагвај, играше за најголемите клубови во таа земја како Олимпија, Гуарани и Либертад во натпреварите од Копа Либертадорес, сега има 77 години и живее како обичен скитник.

Минатата година тој се најде во центарот на вниманието на светските медиуми кога беше снимен на улица како одговара на женски прашања и ги набројува своите достигнувања во кариерата. На видеото тој се гледа како е во катастрофална состојба, седи на улица, без чевли и во парталава облека. Поради ова, многу корисници на социјалните мрежи се понудија да му помогнат.

Една година подоцна, неговата ситуација не се промени многу. Тој живее во трошна куќа во близина на истиот парк, а ужива додека ги гледа своите внуци како играат фудбал. Интересно е што неговите синови живеат во близина на тој парк, речиси на истата улица, но не сакаат да го земат во својата куќа и да се грижат за него. Единственото друштво му е локален бербер кој застанува покрај паркот за да го потшиша и избричи на клупа, а сопругата му носи храна и други потреби.

Аполинар Паниагва е роден на 23. јули 1946 година во Јагуарон. Покрај екипите за кои настапуваше во Парагвај, тој настапуваше и за Антофагаста (Чиле), Депортиво Переира (Колумбија) и Тампико Мадеро (Мексико). Во 1972 година стигнал до „Милионерите“, во кои таа сезона како вообичаено немало играчи од Аргентина или Бразил, но новите засилувања биле Аполинар Паниагва и неговиот сонародник Мигел Анхел Соса. Тој стигнал до титулата во лигата, Аполинар Паниагва е запаметен и по тоа што го постигна 2000-от гол во историјата на Милонариос на 20. мај 1973 година.

Луѓето кои секојдневно го гледаат во паркот побараа помош од државата поради неговиот придонес во парагвајскиот фудбал, но помошта досега изостана, никој не е подготвен да направи нешто за да го олесни животот на оваа фудбалска икона.