Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците.

Доколку е потребно, ФЕД може дури и да одлучи да поднесе тужба во следните неколку недели, пишува весникот „Политико“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Претставничкиот дом на САД претходно овој месец гласаше за усвојување на нацрт-законот со кој на кинеската компанија ByteDance, сопственик на TikTok, околу шест месеци и се дава на друг сопственик. Во спротивно, на апликацијата и се заканува забрана во Америка.

Белата куќа најави дека Сенатот наскоро треба да гласа за законот, а американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека ќе го потпише законот. 

Во 2020 година, Ројтерс објави дека Федералната трговска комисија и американското Министерство за правда ги истражуваат наводите дека TikTok не го исполнил договорот од 2019 година за заштита на приватноста на децата.