До ДИК досега пристигнаа седум изјави за прифаќање на иницијативата за собирање потписи за да се кандидира за претседател

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно седум изјави за прифаќање на иницијативата за собирање потписи за кандидирање за претседател на Република Македонија. Од утре почнува собирањето потписи за листите на кандидати за претседател на државата.

ДИК соопштува дека тројца од пријавените Вело Марковски, Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски ќе собираат потписи за кандидатура во подрачните одделенија на Државната изборна комисија и пред нотарите што ги именувале.

„ДИК ги објави списоците на нотари каде ќе се собираат потписите за кандидатурата на Вело Марковски, Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски“, велат од ДИК.

Како што соопштија од ДИК, четворица од пријавените ќе собираат потписи за да се кандидираат за претседател во подрачните единици на Државната изборна комисија: Томе Николлоски, Бујар Османи, Поповски и Максим Димитриевски.