Џесика нема заби и веѓи, но знае да се шминка: Нејзините трансформации го освоија светот

Џесика Вилер (38) од Тексас е позната како „кралица на протезите“, а со своите трансформации ги воодушевила луѓето.

Иако ги изгубила повеќето заби поради здравствени проблеми, тоа не ја спречило да го прифати својот изглед, и лично и на интернет. Со текот на времето, таа стана вистинска вирална ѕвезда.

Џесика воодушеви милиони ширум светот со нејзината способност да се трансформира себеси, користејќи протетика и шминка.

Вниманието го привлекувала и со својот хумор, а често зборува за својот живот, патувањата и за тоа како запознала различни групи на луѓе, пишува Daily Mail.

„Не смеам да консумирам млечни производи, што предизвика недостаток на калциум и витамин Б12 во мојот организам. Се борам и со сериозен недостаток на витамин Д, кој влијае на апсорпцијата на калциум. Затоа вештачки ги внесувам“, објаснила Џесика.

Пред да се одлучи за протеза, пробала импланти, но телото ги отфрлало туѓите предмети, додека болката била неподнослива.

Нејзиниот живот стана прилично возбудлив кога го откри TikTok и почна да документира искуства.