Маж се самозапали пред судот во Менхетен каде што е во тек судскиот процес против Трамп

Маж се самозапали пред судот во Менхетен, Њујорк, каде се води судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Човекот влегол во паркот спроти судницата, фрлајќи флаери во воздух, изјави за Си-Ен-Ен висок функционер за спроведување на законот.

Потоа извадил нешто од ранец – не беше веднаш јасно што е тоа – и се запалил, рече службеникот.

Најмалку едно лице користело апарат за гаснење пожар во обид да го изгасне пожарот.

Дополнителни детали не беа веднаш достапни бидејќи американските власти започнаа истрага.

Инаку, на Трамп му се суди за фалсификување деловни документи во случајот со тајните готовински плаќања на порно актерката Сторми Даниелс и се соочува со 10 години затвор.

Поранешниот американски претседател се изјасни за невин по 34 точки од обвинението.