Во 19 часот и 40 минути е локализиран пожарот што избувна во село Отовица кај велешкото езеро, но истиот не е целосно изгаснат, поради што екипите на Територијалната единица на пожарникарите од Велес се се уште на терен до е целосно изгаснат, информираат од Територијалната противпожарна единица Велес.
Пожарот кој е на непристапен терен избувнал попладнето во 14 часот и зафатил борова шума.
Во гаснењето на пожарот, покрај велешките пожарникари, се вклучија и работниците од ДОО „Дервен“ и месното население од село Отовице, откако градоначалникот Марко Колев побарал помош од Дирекцијата за заштита и спасување, која интервенирала со два авиони.
Во гаснењето бил вклучен и хеликоптер на Хеликоптерската единица за специјални намени при Министерството за внатрешни работи.