ПОЗНАТА СРПСКА ВОДИТЕЛКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО СТАН ВО БЕЛГРАД, зошто беше наредено да се изврши обдукција на нејзиното тело?

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култната емисија на ТВ Пинк „Сити“, е пронајдена мртва во стан во Белград.

За нејзината смрт е известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое нареди да се изврши обдукција на нејзиното тело.

Според информациите, на телото нема видливи траги на насилство.

Неофицијално, Итната помош ја констатирала смртта на Бојана околу 19 часот.

Телото на познатата водителка е пренесено во Институтот за судска медицина.

Таа беше во брак со Огњен Јанковиќ

Бојана беше во брак со Огњен Јанковиќ, фронтменот на популарниот рап бенд Белградски синдикат.

Двојката последен пат беше видена во јавноста во 2022 година на премиерата на филмот „Golden Boy“, а во мај истата година официјално ја прекинаа врската.

По спогодбениот развод тие останаа во добри односи и заедно се грижеа за нивните две деца.

Музичарот потоа го напуштил станот во кој живееле, но секој слободен момент го користел да биде со своите наследници.

Тие беа во брак 15 години.