– Милан Радојчиќ денеска ја презеде одговорноста за настаните во Бањска, Косово, на 24 септември, и изрази подготвеност да одговори на надлежните органи на Србија, и поднесе оставка од местото потпретседател на Српска листа.
Неговиот адвокат Горан Петронијевиќ ја прочита неговата порака во која наведува дека на северот од Косово на 24 септември дошол со своите сонародници и дека лично ги направил сите логистички подготовки, и дека за тоа не известил никого од властите во Србија ниту од структурите на власт на северот на Косово.
Како што истакна, не добил никаква помош од властите во Србија, бидејќи „тие веќе дотогаш имале различни ставови по прашањето на досегашните методи на отпор“.
Тој додава дека акцијата тој ден немала никаква врска со неговата политичка ангажираност во Српска листа.
Радојчиќ наведува и дека причината за враќањето на северот на Косово е „да го охрабри српскиот народ да пружи отпор на режимот на косовскиот премиер“.
Како што наведе, до смртта на косовскиот полицаец дошло случајно, по што се случил жесток судир.