Тажна сцена во училиштето во Скадар: Ученици доаѓаа и тивко оставаа цвеќе во шкафовите на децата кои со мајка им скокнаа во реката Бојана (ВИДЕО)

Голема тага владее во основното училиште во Скадар.

Според Топ чанел, учениците ставиле цвеќе во шкафовите на деветгодишната Ергеза и осумгодишната Грејси. Родителите признаваат дека им било тешко да им објаснат на децата што се случило, додека од училиштето наведуваат дека учениците од класот на двете девојчиња ќе имаат забавни часови за да се грижат за емоционалната состојба на децата.

– Мојот девер ги знаеше двете девојчиња. Многу е тешко. И’ кажав на ќерка ми дека нејзините другарки повеќе не одат на училиште бидејќи отидоа да живеат во Широки со нивната мајка. Не можев да објаснам поинаку – рекла една мајка.

– Немам зборови, катастрофа, вакво нешто никогаш не треба да се случи. Моето сочувство до семејството. Ќерка ми е премала за да разбере па морав многу работи да премолчам – рекла друга мајка.

Алма Арази (39) и нејзините три деца наводно се самоубиле скокајќи во реката Бојана. Рибар во саботата вечерта случајно го пронашол телото на деветгодишната Ергеза, додека телото на осумгодишното девојче во понеделникот било извадено од Бојана. Момчето беше извадено денес а малку подоцна беше пронајдено и телото на Алма.

Ерџис Арази (31), сопруг и татко на децата, е уапсен во неделата под сомнение дека го предизвикал нивното самоубиство.