Сцени на хаосот во Киев: Реки автомобили го напуштаат градот, бега и шефот на Парламентот!? Станиците на подземното метро полни со луѓе-станаа подземни бункери (видео)

Откако првиот човек на Русија Владимир Путин започна општа инвазија на Украина, многу жители решија да го напуштат главниот град. Додека детонации и сирени одекнуваат низ градот, реки од автомобили течат кон излезите од 2,8 милионскиот Киев.

На твитер се објавува видео дека и Руслан Стефанчук, шефот на украинскиот парламент, исто така е снимен како заминува од Киев со семејството во голем автомобил.

Излез од градот е можно само по копнен пат, бидејќи воздушниот простор е затворен за цивилни летови од рано изутрина. Исто така, Министерството за инфраструктура соопшти дека сите патници се евакуирани од Бориспол, најголемиот меѓународен аеродром во Украина. Инаку, тој аеродром рано утринава беше цел на рускиот напад.

Дописникот на Гардијан на Твитер напиша дека на улиците на Киев нема многу луѓе, дека само големи редици има пред банкоматите и бензинските пумпи, кои се целосно парализирани.

 Света Софија во Киев, симбол на украинската националност. Се уште стои во 8 часот по локално време, на улиците има неколку луѓе, едно кафуле е отворено – неверојатно, има расположение на страв, шок и тивок пркос, напиша новинарот Лук Хардинг.

На социјалните мрежи во Киев владее чувство на паника. Некои луѓе пишуваат дека брзаат да ги однесат во атомски засолништа и подруми, а на ТВ снимките се гледа како луѓето се молат на улиците, собрани во групи, јавува Би-Би-Си. И станиците на метрото се преполни со луѓе кои се кријат во страв од руски ракети.