Адел го прекина концертот поради смртта на Метју Пери! Таа со емотивни зборови се прости од својот пријател, а му посвети и песна (видео)
Информацијата дека познатиот актер Метју Пери е пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес растажи многумина.
На социјалните мрежи сега се појави видео од пејачката Адел. Таа одржа концерт во Лас Вегас, а во еден момент го прекина концертот и и’ се обрати на публиката за ненадејната смрт на Метју Пери.
– Секогаш смртта е шокантна, особено кога станува збор за некој што те насмеа и кој внесе толку многу радост во твојот живот, ќе си замине без да сфатиш. Тоа е она што ми е толку чудно, никогаш во животот не сум го сретнала. Има нешто во тоа што ме прави да се чувствувам особено тажна бидејќи не знаете што се случи – им порача пејачката на публиката и додаде:
– Тој лик ќе го паметам цел живот. Тој е веројатно најдобриот комичен лик на сите времиња.
По говорот, следната песна му ја посвети на Метју, песната „When Were Young“.
Да потсетиме, Метју Пери почина во својот дом во Лос Анџелес на 54-годишна возраст. Како што е познато, тој починал додека пливал во џакузи, а по пристигнувањето Брзата помош можела само да констатира смрт, па не го однела во болница.
Тој беше еден од најпознатите холивудски комичари, кој зад себе остави бројни успешни улоги, од кои се истакна ликот на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“.