Папагалот одлично пее! Снимката од песната „Monster“ го запали интернетот – звучи подобро од Ријана (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Тик-Ток се појави видео од папагал кој пее.

Имено, сопственикот го снимил додека имал домашен настап, ни помалку ни повеќе туку со песната „Monster“ од Ријана.

За време на својот настап, папагалот толку добро го имитираше гласот на познатата пејачка, а многу корисници го пофалија за неговиот талент за пеење.

Тој беше снимен како потпевнува додека шета низ куќата, а видеото досега собра повеќе од три милиони лајкови на Тикток.

„Како може папагалот да пее подобро од мене?“, „Ќе им кажам на децата дека ова е Ријана“, „Кога ќе излезе албумот?“, беа дел од коментарите.