Администрацијата на Бајден: Иран ќе го нападне Израел во наредните денови

Официјални лица велат дека одговорот најверојатно ќе биде поголем во размер од оној ноќта меѓу 13 и 14 април, бидејќи најверојатно ќе го вклучи Хезболах

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека верува оти Иран ќе го нападне Израел во наредните денови како одмазда за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран претходно оваа недела.

Неименуваните официјални лица рекоа дека Вашингтон е подготвен да му помогне на Израел да го запре потенцијалниот напад од Иран и групите што ги поддржува во регионот, вклучувајќи ги Хезболах во Либан и Хамас во Палестина, пишува порталот Вала.

Официјални лица велат дека одговорот најверојатно ќе биде поголем од оној во ноќта меѓу 13 и 14 април, бидејќи најверојатно ќе го вклучи Хезболах.

Во извештајот се додава дека високи претставници на администрацијата на Бајден се загрижени дека тоа би можело да го отежне составувањето на регионална и меѓународна коалиција за да се спречат потенцијални напади, како што беше случајот кога Иран истрела стотици беспилотни летала и проектили врз Израел во април.