„Ако кокаинот е дрога, тогаш јас сум наркоман“ Некогашниот омилен голгетер и голем заводник го допре дното! Легендата обвинет за силување! (фото)
Аргентинецот Клаудио Каниџа беше еден од оние фудбалери кои можеа да прават сè со топката, но неговиот екстравагантен начин на живот го доведе во заблуда…
Поранешниот аргентински репрезентативец, кој во текот на својата бурна кариера беше вмешан во бројни скандали, сега е обвинет за сексуален напад на поранешната сопруга Маријана Нанис и се соочува со казна од 15 години затвор.
Поранешната сопруга го обвини Каниџа дека ја силувал во луксузен хотел во Буенос Аирес во 2018 година. Нанис тврди дека поранешниот ас ја удрил и и’ се заканил дека ќе ја убие доколку го пријави во полиција.
Каниџа ја негираше вината, но судот ги отфрли аргументите на неговите адвокати и поднесе обвинителен акт.
Ова е само еден во низата скандали на популарниот „Коканиџа“.
Каниџа беше член на славната генерација на аргентинската репрезентација, ја шеташе планетата во тандем со легендарниот Диего Армандо Марадона, но како и неговиот славен другар, огромната сума пари што ја заработи ја потроши на секакви пороци и уживајќи во убавите жени. Важеше и за голем заводник, жените лудуваа по него поради неговата долга коса која не сакаше да ја скрати по цена да не биде повикан во репрезентацијата од Антонио Пасарела на Светското првенство во Америка.
Неколку пати во текот на кариерата имал проблем со властите поради консумирањето кокаин, а кога кариерата му тргнала надолу, поради оваа опојна дрога го добил прекарот „Коканиџа“.
Во 1992 година Каниџа падна на тестот за наркотици додека играше за Рома. Тој беше суспендиран на 13 месеци. Популарниот „Син на ветрот“, покрај неговата неверојатна брзина и голови, остана запаметен и по неговата позната изјава: „Ако кокаинот е дрога, тогаш јас сум наркоман“.
Интересно е што суспензијата не значеше крај на кариерата за брзоногиот напаѓач. Напротив, веднаш по истекот на казната, Каниџа се пресели од Рома во Бенфика на позајмица, а целата размена ја финансираше познатата компанија за производство на млеко „Пармалат“.
Каниџа е играч кој уживаше на теренот, но кој сакаше и опуштен живот. Изгледаше дека успеа да најде мир со сопругата со која имаше три деца, но неговиот темперамент не се согласуваше со таквото сценарио.
Пред четири години се запозна со 30 години помладата манекенка Софија Бонели и се разведе од својата долгогодишна сопруга.
Судејќи по бројните фотографии кои се појавија на социјалните мрежи, тој сè уште не успеал да ја надмине зависноста од наркотичните дроги.
Клаудио Каниџа играше 50 пати за Аргентина, а како офанзивен играч за врска, понекогаш и крилен напаѓач, постигна 16 гола. Во текот на кариерата играше за Аталанта, Рома, Бока Јуниорс.
Во „генерацијата на Марадона“ ја освои Копа Америка, Купот на конфедерации и играше во финалето на споменатото Светско првенство во 1990 година.
Сепак, наместо само како фудбалски мајстор, многумина ќе го паметат по неговата кариера која залута, иако тоа можеше да го доведе до ѕвездите.