АЛАРМОТ ВО КРЕМЉ Е ВКЛУЧЕН – Во Украина пристигна ‘забранетото оружје’: “Добивме касетна муниција, Русите се во паника!“

0

Олександр Тарнавски, украински бригаден генерал, потврди денес за CNN дека официјален Киев ја добил контроверзна касетна муниција од Соединетите Американски Држави (САД).

Само што ја добивме. Сè уште не сме ја користеле, но истата може радикално да ја промени ситуацијата на бојното поле“, рекол Олександр Тарнавски во интервју за американска телевизиска мрежа.

Тој изјавил дека – „и непријателот знае дека ќе имаме предност со оваа муниција“.

Непријателот ќе ни даде дел од теренот каде што е можно да го искористиме“, нагласил украинскиот генерал, мислејќи на руските војници.

Олександр Тарнавски рекол дека „ова е многу моќно оружје“ и дека високи команданти ќе одлучат во кои делови од територијата може да се користи.

Тој нагласил дека – „касетната муниција нема да се користи во густо населените области, дури и ако тие биле окупирани од руските сили“.

СNN потсетува дека САД објавија дека Вашингтон добил писмени гаранции од Украина дека нема да го користи ова оружје во населени места и дека по завршувањето на војната ќе спроведува операции за деминирање.

Русите мислат дека ќе го користиме на сите делови од фронтот. Тоа е многу погрешно. Но, тие се многу загрижени“, заклучил украинскиот генерал.