ВИДЕО | “НАТО НИКОГАШ ПРЕТХОДНО НЕ БИЛ ПОСИЛЕН!“ – Џо Бајден на последната станица од неговата европска турнеја вели дека ги постигнал сите свои цели

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, уште еднаш изјави дека НАТО никогаш не бил посилен претходно во историјата.

Тој ова го изјави на средбата со претседателот на Финска, Саули Ниинисте, во претседателската палата во Хелсинки, каде Белата куќа ја завршува петдневната европска турнеја на Џо Бајден.

Џо Бајден, Џозеф Бајден, Финска, Саули Ниниште
Џо Бајден и Саули Ниинисте

Таму, Џо Бајден го заврши патувањето низ Европа за време на кое ги поддржа лидерите на нордиските земји со цел да ја демонстрира зголемената моќ и влијание на НАТО против Русија.

Гледаме целосна промена во европската безбедносна структура како резултат на потезите на Русија, а нордиските земји се приближија кон Западот како одговор на руските агресивни и дестабилизирачки дејствија“, нагласил Џо Бајден.

Саули Ниинисте рекол дека членството на Финска во НАТО најавува „нова ера на безбедност“ и го поздрави Џо Бајден за „создавањето единство“ на дводневниот самит на НАТО што заврши вчера во литванскиот главен град Вилнус.

Се чувствувам добро за ова патување“, им рекол Џо Бајден на новинарите во средата пред летот за Финска, додавајќи дека – „ја постигнал секоја цел што ја зацртал да ја постигне“.

Тој отпатува во Финска, која ја дели границата со Русија, директно од Самитот на НАТО во Литванија за да учествува на американско-нордискиот самит со лидерите на Финска, Шведска, Данска, Исланд и Норвешка.