Албанскиот принц доби ќотек од сопругата: Се појавија шокантни снимки, Лека се обидува да избега, мораше да повика полиција за помош (ВИДЕО)

Албанскиот престолонаследник Лека (41) побарал интервенција од полицијата поради наводно семејно насилство!

На социјалните мрежи во вторникот се појави видео од Лека кој наводно бил физички нападнат од принцезата Елија (41) и нејзиниот татко Џорџо Полихроно Захари (73). Тоа се случи два месеци откако парот, кој ја има тригодишната ќерка Џералдин, објави крај на нивниот брак.

Палатата издаде соопштение откако видеото од тепачката се појави на интернет и тврди дека Лека бил физички нападнат со „тврди предмети“ од неговата поранешна сопруга и нејзиниот татко и снимката ја предале на полицијата како доказ.

Во средата, Елија го прекина молкот за расправијата и тврди дека таа всушност може да се види на видеото како се обидува да ја прекине тепачката. Гламурозната мајка на едно дете тврди дека се вратила дома и забележала дека Лека е во конфликт со нејзиниот татко.

– Ова е многу тешка ситуација за мене и за моето семејство бидејќи не е лесно да се вратам дома и да го затекнеш Лека како се обидува да го нападне татко ми. Конфликтот нема никаква врска со мене, освен што се обидов да го спречам – изјавила Елија и додала дека ќе оди на суд.

Албанскиот кралски суд преку социјалните мрежи објави соопштение за конфронтацијата и ја обвини полицијата што ја објавила снимката.

– Попладнето на 5 март, принцот Лека бил физички нападнат од поранешната сопруга и нејзиниот татко. На социјалните мрежи е објавено видео од тој момент. Видеата во полициската станица ги доставил лично принцот Лека Втори Зога како материјален доказ за насилството врз него. Сепак, и покрај тоа што се сметаат за тајни, материјалите и неговата изјава кружат на социјалните мрежи и медиумите, откривајќи непријатни слики и насилни содржини. Кралскиот суд го изразува своето длабоко разочарување од институциите за спроведување на законот за кои се сомневаме дека го прекршиле правото на анонимност со дистрибуирање на видеата од трета страна. Кралскиот двор бара и интервенција на полицијата и надлежните институции за да се избришат овие слики од социјалните мрежи и медиумите – се наведува во соопштението.

принцот Лека

Двојката се венча во 2016 година. Принцот и неговата гламурозна сопруга, кои го бараат тронот на укинатата албанска монархија, ги освоија срцата на јавноста откако се венчаа пред осум години. На раскошната церемонија присуствуваа повеќе од 20 кралски семејства од целиот свет.

Принцот Лека го наследил правото на тронот од својот татко кралот Лека I.

Престолонаследникот, кој присуствуваше на Кралскиот воен колеџ Сандхерст и работеше како советник на претседателот на Албанија, ја презеде улогата на неговиот татко како шеф на кралската куќа на Зогу и титуларен крал на Албанците.

Принцот работел и како советник во албанските министерства за надворешни и внатрешни работи и во Кабинетот на претседателот на Албанија, додека принцезата работи во Албанскиот народен театар.

Албанското кралско семејство беше протерано од земјата во 1939 година, откако земјата беше нападната од италијанските фашисти. По Втората светска војна, кога комунистите ја презедоа власта, кралот Зог и неговото семејство се сметаа за предавници и беа целосно лишени од власта и отстранети од историските книги.

Кралското семејство поминало време во егзил во Грција и Турција пред да се насели во Англија. Кралот Зог и неговото семејство потоа се преселиле во Египет пред монархот да го помине остатокот од својот живот во Франција.