„Ало, овде Дарко Елез, ми требваат 60.000…“ Вака измамникот од затвор ги лажел адвокатите! (фото)

0

Непознат затвореник кој ја издржува казната во затвор во Србија, изминатиот месец се јавил на десет познати белградски адвокати и побарал да му платат пари за мензата!

Како што велат адвокатите, тој од нив барал различни суми од 10 до 60 илјади динари, тврдејќи дека има милиони на сметките и дека парите ќе ги врати неговата сопруга која моментално е во странство.

Фиксен број

-Кога непознато лице ми се јави од фиксен телефонски број, најверојатно од говорницата на затворот, бидејќи од тој број ми се јавуваат и други клиенти кои таму ја издржуваат казната, тој се претстави како Дарко Елез. Спомна клиент кој знае дека го бранам, рече дека сака да ме вработи и дека сопругата ќе потпише полномошно и ќе ми плати, но дека итно му требаат пари – вели еден од адвокати повикани од човекот.

Тој, на ист начин се обидел да добие пари и од друга адвокатка на која и’ кажал дека итно му е потребна лекарска интервенција, но дека парите треба да ги плати на лекарот кој требало да го оперира.

Судењето на Хркаловиќ

Одбраната за сведок го предложи Елез

Името на Дарко Елез последен пат во јавноста се споменуваше на судењето на поранешната државна секретарка во Министерството за внатрешни работи на Србија, Дијана Хркаловиќ. Да потсетиме, таа е осомничена дека го ставила Елез под фиктивни мерки за следење кај поранешниот началник на новосадската полициска управа, Милорад Шушњиќ, за да го заштити никој друг да не го следи или прислушува. Бранителот на Дијана Хркаловиќ, адвокатот Владимир Ѓукановиќ, на последното судење го достави исказот на Елез во кој тврди дека не го познава Хркаловиќ и предложи Елез да биде сослушан како сведок.

-Дури и’ оставил телефонски број на колегата да му се јави на докторот. Секако, од друга страна, таа не била докторка, но и дека тој што се јавил веројатно не ни претпоставувал дека некој ќе го заврти тој број – додава соговорникот.

Измамникот кој се обидува да ги убеди адвокатите дека сопругата на Елез ќе им ги врати парите штом „дојде од странство“, барал сите да му ги платат парите по пошта.

– Секако дека не побарал парите директно да му бидат исплатени во мензата, бидејќи на тој начин ќе морал да го каже своето вистинско име. Елез не е ни во затворот од кој повикува адвокати, за кои или претходно се распрашува, или нивната работа ја следи од медиумите затоа што повикува клиенти кои тие претходно ги застапувале – додава соговорник.

15 години робија

Да потсетиме, криминалецот Дарко Елез во септември минатата година од затворот во Босна беше префрлен во Србија, за по сопствено барање да ја одлежи затворската казна од 15 години во Србија.

КРИВИЧНО ДЕЛО

Осуденикот би можел да одговара

Лажно претставување и измама, според соговорникот, се кривични дела за кои осуденикот кој се јавува кај адвокати и од нив бара пари би можел да одговара пред законот.

Засега не се знае дека некој адвокат го пријавил, но доколку тоа се случи би можел да одговара. Исто така, не можеме со сигурност да кажеме дека некои од нив не паднале на приказната за потребните пари и полномошното што ќе го потпишат – додава соговорникот.

– Тој беше уапсен на 21 декември 2020 година во Белград по потерница на Интерпол и беше екстрадиран во Босна и Херцеговина, која го осуди на 15 години затвор врз основа на неговото признание дека е организатор на криминална група зад која стојат бројни злосторства. По осудата, а на негово барање, Министерството за правда на Србија и Министерството за правда на Босна и Херцеговина оценија дека постојат законски можности и неговото барање е прифатено и тој е префрлен во Србија во најстрога тајност – потсетува соговорникот.