Ал Сиси: Ескалацијата во Израел е опасна, може да влијае на стабилноста на Блискиот Исток

0

 Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави дека ескалацијата на ситуацијата меѓу Израел и Палестинците е многу опасна и може да влијае на безбедноста и стабилноста на целиот регион на Блискиот Исток.

„Египет се надева на решение што ќе доведе до мир и создавање на палестинска држава“, рече Ал Сиси.

Тој додаде дека прави се за што поскоро да се воспостави примирје што ќе ги поштеди цивилите од двете страни.

Ал Сиси нагласи дека националната безбедност на Египет е негов врвен приоритет и дека нема да го игнорира ова прашање под никакви околности.