САКА ДА ИГРА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2026 ГОДИНА – Роналдо побара од Ал Наср нов договор до 43 години

Кристијано Роналдо е сопственик на бројни рекорди, но очигледно нема намера да застане, а тоа го потврдуваат и последните информации кои доаѓаат од Саудиска Арабија.

Роналдо во моментов има договор со Ал-Наср до летото 2025 година, кога веќе ќе влезе во петтата деценија од животот.

Роналдо ќе наполни 40 години на 5 февруари 2025 година, но тој побара од челниците на саудискиот клуб да му подготват нов договор до летото 2027 година.

Дотогаш Роналдо веќе ќе има 43 години, а прашање е дали и тогаш ќе му каже „збогум“ на фудбалот.

Причината поради која Роналдо побара нов договор е тоа што сака да игра на Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада и таму да постави уште еден рекорд.

Имено, Роналдо е еден од осумте фудбалери со најмногу учество на светските првенства.

Роналдо беше член на Португалија на пет светски првенства, како и Аргентинецот Лионел Меси, Германецот Лотар Матаус, Италијанецот Џанлуиџи Буфон и Мексиканците Гиљермо Очоа, Рафаел Маркез, Андрес Гуадрадо и Антонио Карбахал.

Само Меси, кој во 2026 година ќе има 39 години, има шанса да игра на следното Светско првенство и со тоа да го спречи Роналдо да биде единствениот рекордер меѓу тие играчи.