Видео кое го обиколи цел свет! Меси шутираше слободен удар и погоди бебе! Исплашеното девојче плаче, а таткото остана во неверување! (ВИДЕО)

Една несекојдневна сцена од натпреварот Интер Мајами – Орландо предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Фудбалерите на Интер го декласираа Орландо со резултат 5:0, а двоен стрелец на овој меч беше Лионел Меси.

Сепак, одличната игра и головите останаа во сенка побнеуспешниот обид на Аргентинецот за гол од слободен удар.

Меси имаше одлична можност да ја затресе противничката мрежа од околу 20 метри. Тој упати силен удар, го мина живиот ѕид, а топката наместо во голот заврши на трибините на стадионот. За жал, удрило бебе кое мајка му го доеше во тој момент.

За среќа, топката „само“ помина покрај малото девојче, кое од страв веднаш заплака.

Потоа следеше шокантна реакција на таткото, кој беше воодушевен.

,,Добро ли си љубов моја? Меси те удри, Меси те удри! Не е ништо”, му рече на девојчето со насмевка.

Очекувано, неговата реакција предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.