БАКТЕРИСКАТА ИНФЕКЦИЈА ЗА МАЛКУ ЌЕ ЈА УБИЕЛА МАДОНА: Обрнете внимание на овие симптоми, а развојот на болеста зависи САМО од една работа

Познатата пејачка минатата сабота била итно хоспитализирана во болница во Њујорк. Причината била сериозна бактериска инфекција, а еве што се знае за таа состојбата.

Кралицата на попот Мадона (64) се опоравува, а поради болест нејзината турнеја на која требаше да прослави 40 години од нејзината кариера е прекината.

Тешка здравствена состојба

„Мадона мораше итно да биде пренесена во болница во саботата, каде што ја реанимираа откако беше откриено дека таа не реагира“, рекол нејзиниот менаџер, додавајќи дека кралицата на попот била пронајдена во несвест.

„Во саботата, на 24 јуни, Мадона се зарази со сериозна бактериска инфекција која ја задржа неколку дена на интензивна нега. Нејзината состојба се подобрува, но се уште е под лекарски надзор . Се очекува целосно закрепнување“, напиша Гај Озири на Инстаграм и додаде. : „Ќе мораме да ги паузираме сите обврски во овој момент, што ја вклучува и турнејата“.

Симптоми на бактериски инфекции

Бактериските инфекции се јавуваат во моментот кога некои штетни бактерии ќе навлезат во нашето тело. Постојат инфекции на кожата, респираторните органи, инфекции на урогениталниот тракт и гастроинтестиналниот тракт.

Симптомите се:

висока температура над 38 степени и треска

малаксаност и замор

губење на апетит

главоболка или болка во друг дел од телото

гадење и често нагон за повраќање

отечени и зголемени лимфни јазли во вратот и препоните

Ова се општи симптоми, секоја форма на инфекција се одредува со специфични симптоми, па ако се појави кивање, течење на носот, назална конгестија, засипнатост заедно со инфекција на респираторниот тракт, а ако се работи за проблем со белите дробови, тогаш преовладува кашлица, која може да биде сува или со искашлување, отежнато дишење, кашлање крв или секрет и болка во градите, пренесува Нет.хр.

Третман на инфекција

Бактериските инфекции се третираат со антибиотици.

Развојот на бактериска инфекција, како и придружните симптоми, најмногу зависат од состојбата на нашиот имунитет.