ФОТО | Фаталната Романка се појави во скандалозно дрзок фустан без долна облека – на Медитеранскиот филмски феставал обожавателите ги остави без здив!

Актерката со романско потекло Мадалина Дијана Гена со години живее во Италија, а сега се појави и на светската премиера на филмот „Deep Fear“ на Медитеранскиот филмски фестивал во Малта.

Оваа актерка на црвениот тепих се појави во скандалозен бел фустан кој имаше исечок на колковите, рамената и стомакот, а под кој немаше долна облека. Овој фустан одлично ги истакна нејзините бујни облини и ги израдува нејзините обожаватели.

Мадалина Дијана Гена

Оваа актерка, која моментално важи за една од најубавите жени во светот, не се двоуми да ја покаже својата совршена фигура на социјалните мрежи. На нејзиниот Инстаграм профил можете да најдете многу провокативни фотографии кои покажуваат дека оваа Романка нема маана.

Оваа убавица го привлекува вниманието на посилниот пол, а познато е дека била во врска со големи холивудски фаци како Леонардо ди Каприо и Џерард Батлер, а моментално ужива во врска со тенисер.

Таа неодамна се појави на натпреварот на бугарскиот тенисер Григор Димитров, а потоа почнаа гласините дека тој го освоил срцето на познатата актерка.

Парот неодамна ги потврди гласините, а двајцата сега уживаат во љубовта.