Утре забрана за сообраќај на патот Брезница – Македонски Брод Р-1106 низ НП ЈАСЕН поради асфалтирање

Поради асфалтирање на патниот правец Брезница – Македонски Брод Р-1106 низ НП ЈАСЕН утре се забранува секаков вид на сообраќај во период меѓу 08:00 и 15:00 часот.

Од АМСМ најавија дека по завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини.

Од 03.07.2023 година, информираат од АМСМ, ќе се започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга – Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 – асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целсно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 08.07.2023.