„БЕВ ПОДГОТВЕН ДА УМРАМ ЗА НОВАК“ Иванишевиќ ЕМОЦИОНАЛНО проговори за Ѓоковиќ – неговите зборови ќе ве трогнат!

Неодамна тенискиот свет го потресе веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката.

После тоа се шпекулираше за причините за разделбата, а за тоа детално проговори хрватскиот селектор.

Покрај тоа, Иванишевиќ на многу емотивен начин проговори и за соработката со најдобриот тенисер досега, а како што вели тој бил подготвен да умре поради српскиот ас.

– Новак е добар човек, има големо срце, сака се да прифати. Тоа беше најважното нешто. Бев подготвен да умрам за него. Се бори со целиот свет, не е лесно да се биде негов тренер. Насекаде не гледаа како на злобници. Луѓето дојдоа и ни рекоа да не се „откажуваме“, но некои беа груби и агресивни. Има многу примери – изјави Иванишевиќ за Спорт Клуб.

Горан се осврна на периодот кога со ставот на Новак за вакцинација мораше да пропушти голем број турнири.

– Го почитувам, бидејќи застана зад неговите ставови. Само рече дека нема да работи. Сите бевме веќе вакцинирани на Србија опен, а тој беше подготвен како спортист да ја жртвува кариерата за своите ставови. Човек треба да го цени тоа. Мојата одговорност како негов тренер и пријател беше да бидам тука за него. Одиме во „војна“ против целиот свет и на тоа сум најмногу горд. Среќен сум што бев тука за него, што сите успеавме да му помогнеме да го надмине тоа лудило.