Бен Афлек изненади со својот пропаднат и запоставен изглед, на прв поглед не е лесно да го препознаете

Бен Афлек беше фотографиран како лежерно вози низ улиците на Лос Анџелес, а сите го забележаа неговиот излитен изглед.

Холивудскиот актер и сопруг на пејачката Џенифер Лопез, 50-годишниот Бен Афлек беше фотографиран зад воланот на својот Форд Бронко пред хотел во Лос Анџелес, а многумина повторно беа изненадени од неговиот пропаднат и запоставен изглед.

Папараците го фатиле како ужива во возењето со кабриолет вреден околу 1,9 милиони долари додека пушел цигара и замислено гледа во патот. Бен е познат како автомобилски заљубеник, а поседува и Lexus RX, Tesla Model S, класичен Chevrolet Chevelle SS, жолт Lamborghini Urus, Bentley Bentayga и Dodge Challenger SRT Hellcat.

Ова е негово прво појавување во јавноста откако Џенифер (53) изјави дека идејата за нивната тајна венчавка всушност била на Бен.

„Ги имате сите овие очекувања кои не можете да ги контролирате и затоа јас и Бен решивме да се венчаме еден месец претходно во Вегас. Тоа беше негова идеја и мислев дека е брилијантна. Го симна целиот притисок од големата венчавка со семејствата“, изјави пејачката.за Sunrise.

Двојката се венчаше на приватна церемонија на 16 јули минатата година, а еден месец подоцна беше домаќин на поголема церемонија за пријателите и семејството на имотот на Бен вреден 8,9 милиони долари.