Бешикташ започна преговори за трансфер на англискиот фудбалер Алекс Окслејд-Чембрлејн

– Турскиот фудбалски клуб Бешикташ денес соопшти дека се започнати преговори за трансфер со играчот од средниот ред на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чембрлејн, кој пристигна во Истанбул.

Дваесет и деветгодишниот фудбалер дојде во Ливерпул од Арсенал во 2017 година. Неговиот договор истече летово.

Тој ја освои Лигата на шампиони на УЕФА во 2019 година, Светското клупско првенство на ФИФА 2020 година, титулата во англиската Премиер лига во 2020 година и ФА Купот во 2022 година со „црвените“.