Бруталниот потег на Бен Афлек го потврди крајот на љубовта: Разводот од Џенифер Лопез е завршена работа
Последната капка – што стави крај на бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек?
Разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек е „завршена работа“, велат пријателите на славната двојка кои за „Дејли мејл“ откриле дека актерот „ја прободел својата сопруга во срце“.
Веќе е познато дека Џеј Ло и Бен не биле заедно ниту за нејзиниот роденден, ниту на денот на втората годишнина од бракот. Меѓутоа, сега се дозна дека на 24 јули, додека Џенифер ги дувала роденденските свеќички, Бен си купил нов замок, вреден 20 милиони долари. Неговиот ергенски живот може да започне.
„Само се чека вистинскиот момент“, тврдат овие извори. Разводните документи се наводно веќе готови, потребно е само парот да ги достави. Потоа ќе излезат со заедничко соопштение во кое ќе наведат дека многу се сакаат и дека се бореле бракот да успее, но тоа не се случи.
„Последниве недели работеа на помирување, но не можеа да најдат компромис“, велат споменатите извори. „Она што го имаа двајцата заврши и сега и двајцата го прифатија“.
Џенифер и Бен цело лето го поминаа далеку еден од друг – таа беше на источниот брег, а тој во Лос Анџелес. Нивниот „дом од соништата“ вреден повеќе од 60 милиони долари е ставен на продажба, но засега нема купувачи на повидок.