ВАКА Е УБИЕН ПОЗНАТИОТ ХРВАТСКИ КРИМИНАЛЕЦ ВО КЛУБОТ: На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео ТОЈ НАПРАВИЛ ФАТАЛЕН ПОТЕГ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е објавена снимката од убиството на познатиот хрватски криминалец Томислав Сабљо (41) во ноќниот клуб „Риц“.

Сабљо е убиен во саботата во 4 часот и 40 минути по судир со обезбедувањето, а досега се уапсени двајца осомничени. За убиството е осомничен Кристијан Кнего (37), шеф на обезбедувањето на клубот, а уапсен е и Доријан Мраковиќ (26), суспендиран загрепски полицаец, кој му го дал пиштолот од кој пукал кобната ноќ.

На видеото се гледа како Сабљо турка неколку мажи додека по секоја цена се обидува да го фати револверот. На крајот револверот заврши во неговата рака, но тоа беше кобен момент за него бидејќи Кнего му пријде со пиштол и испука неколку куршуми. Тој се сврте по првиот удар, но уште два го погодија во грбот додека тој падна кон подот.

Сабљо и бил добро познат на полицијата.

Тој бил еден од водачите на криминалната група која од Албанија доставила 16 тони марихуана, чија вредност се проценува на 11 милиони евра. Бандата била вмешана и во намерно палење возила на луѓе кои негодувале на водачите на криминалната група.

Сабљо долго време помина во истражниот затвор во Реметинац. Тој беше ослободен во декември 2021 година бидејќи му истече максималниот притвор, но помалку од една недела подоцна повторно беше зад решетки поради обид за изнуда.