Вака изгледа подземниот команден центар на Хезболах во Либан: Долг е 800 метри, еден детал на ѕидот го привлекува вниманието

Израелската војска објави дека открила подземен комплекс долг 800 метри што го користи Хезболах како команден центар во јужен Либан.

Борците на Хезболах имаа намера да го искористат овој подземен центар како база за да преминат во Израел и да извршат напади, изјави портпаролот на ИДФ Даниел Хагари.

ИДФ соопшти дека во комплексот биле пронајдени ракети истрелани од хеликоптери, минофрлачки гранати, мотоцикли, станбени простории и кујна со доволно храна за долгорочен престој.

Во видеото објавено од ИДФ, посебно внимание привлекува фотографијата на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала.

За време на рацијата на подземниот комплекс, израелските војници убиле борец на Хезболах кој бил стациониран таму, додаваат од ИДФ.